Subscribe to the latest remote jobs:

Оператори во контакт центар

Оператори во контакт центар

from

Продолжувајќи ја успешната соработка со  Македонски Телеком АД Скопје, Мелон Солушнс Дооел вработува:

 ОПЕРАТОРИ ВО КОНТАКТ ЦЕНТАР

(реф. бр. 082026-010)

Достапни се позиции со:

•  полно работно време (40 часа неделно)

•  скратено работно време (20 часа неделно)

Работната позиција е наменета за кандидати  за кои  комуникацијата со луѓе е предизвик, сакаат да им помогнат на клиентите и имаат способност да препознаат можности за продажба на производи и услуги.

 Опис на работната позиција

Како оператор во контакт центар ќе бидете задолжени за:

• Одговарање на влезни повици од корисници и обезбедување професионална корисничка поддршка,

• Давање основна техничка помош и насоки при користење на интернет, ТВ и телефонски услуги,

• Остварување излезни повици со цел презентација и продажба на телекомуникациски производи и услуги,

• Препознавање на потребите на клиентите и понуда на најсоодветно решение,

• Обезбедување позитивно корисничко искуство преку љубезна, професионална и ефикасна комуникација,

• Работа согласно утврдени процедури, стандарди за квалитет и поставени цели за успешност.

Профил на кандидатот

Ги охрабруваме да аплицираат кандидатите кои поседуваат:

• Одлични комуникациски вештини и способност за јасно и уверливо изразување,

• Изразена ориентираност кон клиентите и желба за обезбедување позитивно корисничко искуство,

• Трпеливост, смиреност и емпатија, особено при комуникација со корисници кои се соочуваат со технички проблеми,

• Продажни способности, градење доверба кај клиенти, идентификација на потреби и ефективно претставување на услуги,

• Чувство на одговорност, дисциплина и посветеност кон работата,

• Способност за брзо учење и усвојување нови знаења,

• Способност за работа во динамична средина и исполнување на поставени цели,

• Основно користење на компјутер, работење со повеќе апликации и познавање на MS Office,

• Тимски дух и позитивен пристап кон работата,

• Минимум завршено средно образование.

Јазични опции

• Течно познавање македонски јазик,ИЛИ

• Мајчин албански со добро познавање македонски јазик.

Што нудиме

• Платена обука (во просек 3 месеци) каде ќе ги научите сите потребни процеси,

• Мотивациски бонуси за постигнати продажни резултати,

• Пријатна и стимулирачка работна атмосфера.

Важно

Работната позиција подразбира:

• Работа во смени, вклучително и втора смена,

• Работа за време на викенди и празници согласно распоред,

• Работа во средина со јасно дефинирани цели и индикатори за успешност (KPI).

Аплицирајте денес

Испратете го Вашето CV и станете дел од тим кој го цени ангажманот и професионалниот пристап на секој член.

by @maxrusakovic